АРТ - Кино “ФРОСИНА“ во текот на целата година:
Тоа значи, со исклучок на трите летни месеци, во текот на другите 9 во неговите две сали редовно се врти по еден филм секоја недела со уметничка вредност од најновата светска продукција, филм кој е некомерцијален, како што впрочем и МКЦ како непрофитабилна институција нема априори, никакви амбиции за комерцијален ефект, туку единствено начело е што повеќе филмофили да го видат тој филм во еднонеделно прикажување, и тоа по симболични цени. Така, ако се исклучат летните 12 недели, од вкупно 52-те во годината, помеѓу 35 и 40 филмови можат да профилираат во АРТ-Киното “ФРОСИНА“. Така, филмофилите од Скопје, главно млади вљубеници, можат да гледаат квалитетни кинедтетски остварувања кои на друго место, а тоа е тековниот комерцијален репертоар, не можат да го видат. Со тоа им се дава можност да не ги задоволуваат несоодветно медиски своите потреби преку ДВД дискови на кои се преснимани Кинематографските Филмови. Целта на АРТ-КИНОТО е да остане културниот “храм“ каде што ќе се почитува и ќе се има култен однос кон кинематографските уметници, филмски дела снимени на 35мм или понекогаш и на ДВД и чија уметничка намена е само кино салата. Покрај постојаниот АРТ-КИНО репертоар со прикажување секоја недела од разни Европски или од другите светски кинематографии, Филмската Редакција на МКЦ во она што значи континуитет во презентирање на најрелевантното и најуметнички вредното од поновата светска продукција посебно го негува авторскиот филм, се оди на портрет на една национална кинематографија со прикажување како на антологиски дела, така и најнови за да предочи одреден континуитет во развојот на конкретната национална кинематографија со по 5-7 постари и 7 најнови филмови како и прикажување на краткометражни филмови. |